Подобра дијагносика: Нов ехо апарат на Клиниката за нефрологија
Ехо апаратот на нефрологија, ќе го замени стариот кој беше во функција повеќе од две децении. Предвидено е во наредниот период да се воведат и нови методи кои воопшто не се работеле на Клиниката.

Нов современ ехо апарат со напредно ниво на дијагностички и интервентни процедури, како што е биопсија на бубрег и на простата, е набавен на Клиниката за нефрологија. Очекувањата се годинава да се направат четири илјади процедури. 500-тини ќе бидат интервенции.
„Празнење на цисти во бубрезите и поставување на нефростоми таму каде што уродинамиката е отсутна, опструирана. Ќе се извршуваат прегледи на тестиси и други ехо процедури. Ова е една многу повисока резолуција, односно прецизност во дијагностицирањето“, вели д-р Александар Шиколе, директор на Клиниката за нефрологија.
Ехо апаратот на нефрологија, ќе го замени стариот кој беше во функција повеќе од две децении. Предвидено е во наредниот период да се воведат и нови методи кои воопшто не се работеле на Клиниката.
„Доктори од Италија или други европски држави би дошле да извршат дополнителна едукација на докторите на нефрологија со цел воведување на тие нови методи. Досега се испратени повеќемина доктори на обуки во странство и тоа во Италија, Словенија и Хрватска“, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.
Вредноста на ехо апаратот е 3,5 милиони денари. Целата набавена опрема во последните неколку години на Клиниката за нефрологија изнесува 10 милиони денари.
Андријана Атанасовска
