СДСМ ја потпиша методологијата за избирачкиот список
Не сакаме да бидеме обвинети дека сме кочничари на изборниот процес, вели лидерот на СДСМ Заев. Објасни дека постапката почнува со споредба на сегашната состојба на списокот со податоците од последните избори.

Опозициската СДСМ ја потпиша методологијата предложена од ДИК за избирачкиот список, кој ќе се ревидира во неколку фази. Претходно тоа го направија и ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА. Не сакаме да бидеме обвинети дека сме кочничари на изборниот процес, вели лидерот на СДСМ Заев. Објасни дека постапката почнува со споредба на сегашната состојба на списокот со податоците од последните избори. Потоа ќе следува вкрстено споредување на базите на податоци од 10 институции, па теренската проверка и бришењето на фиктивните гласачи.
Со ставот на СДСМ дека избори не се можни на 24 април без целосно пречистување на избирачкиот список и регулација на медиумите, се согласуваат и челниците на Движењето за реформи- ДПА, Села и на Националната демократска преродба Мемеди. На средбата велат, не се разговарало за меѓусебно предизборно коалицирање, иако сите опции се отворени.
Заев изјави дека на работните групи циркулира нацрт- закон за медиумите. За опозицијата е прифатлив предлогот на меѓународната заедница што го доставил посредникот Ванхауте и како што додаде Заев, СДСМ ќе ги повлече сугестиите ако се прифати.
Милчо Велески
