Убиен српски снајперист, член на ПКК

02.02.2016 17:01

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изминатиов викенд истакна дека за време на операциите на турските сили било утврдено дека на страната на ПКК се борат повеќе странски снајперисти...

Турските медиуми објавија дека е убиен српски снајперист, којшто бил припадник на Курдската работничка партија, додека пак негов сограѓанин е уапсен во југоисточниот дел на Турција.

За време на антитерористичката операција, извршена на 30 јануари, бил уапсен и вториот српски снајперист, кој е однесен на сослушување во секторот за борба против тероризмот на турската полиција во градот Шернак.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изминатиов викенд истакна дека за време на операциите на турските сили било утврдено дека на страната на ПКК се борат повеќе странски снајперисти.