Седница на ДИК за методологијата за Избирачкиот список
ДИК соопшти дека на седницата треба да биде усвоен и Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список заснована на проверки и статистички анализи...

Државната изборна комисија попладнево во 18 часот ќе одржи седница на која треба да биде усвоен Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, како и постапката за спроведување теренска проверка заради негово ажурирање, по претходна согласност на четирите најголеми политички партии во Собранието на Република Македонија.
ДИК соопшти дека на седницата треба да биде усвоен и Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список заснована на проверки и статистички анализи, вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденции, неограничени теренски проверки и други соодветни признати методи на негова проверка, по дадената согласност на четирите најголеми политички партии.
Комисијата ќе расправа и за Предлог-стратегија за односи со јавност на ДИК, како и за Предлог-одлуката за формирање на тим за односи со јавност.
