Владата ги разгледува Законите за стечајците и за професионалните војници
22.01.2014 14:38
Владата на седница го разгледува законското решение...

Владата на седница го разгледува законското решение со кое професионалните војници со навршени 45 години старост на кои им престанува договорот во АРМ ќе може да се вработат во државните институции до остварување на старосната пензија.
На дневен ред се и предлозите на Министерството за труд и социјална политика, месечен надоместок од 7.100 денари да земаат стечајците кои меѓу 2004-тата и 31 декември 2013-тата година работеле во фирми со доминантен државен капитал што отишле во стечај или во ликвидација.
Според Владата, со ваквите решенија ќе се опфатат околу 7.000 професионални војници и стечајни работници.
Милчо Велески
