Магла на патните правци од Гевгелија кон Богданци и Удово

03.02.2016 08:31

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по претежно суви коловози, освен на повисоките и осојничавите места. Поради појава на магла, видливоста на патните правци Гевгелија – Богданци и Удово – Гевгелија е намалена на 50 до 100 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.