1,5 милиони евра субвенции за рибарство годинава

03.02.2016 10:06

Донесена e програмата за субвенционирање на рибарството за 2016-та година. Финансиската подршка за оваа дејност е биде скоро 1,5 милиони евра...

Со 1,5 милиони евраи годинава ќе се финансира порибувањето на езерата и реките и изградбата и реконструкцијата на рибниците.

За порибување на Охридско Езеро со подмладок од Охридска пастрмка се предвидени 10 милиони,а за Дојранското и Преспанското со крап 900 илјади денари.

Субвенции ќе има и за мандрите на Дојранското езеро и капацитетите за преработка на риби во висина од 1,2 милиони денари.

Најголем дел од субвенциите се наменети за инвестиции во рибниците, за нови капацитети и за продадената риба на пазарот.

Исплатата на средства ќе се врши со реализирањето на активностите.

Договорот го склучува министерството по поднесено барање со бизнис план.

 

Методија Трајков