ДИК ја усвои методологијата за прочистување на избирачкиот список

03.02.2016 10:25

Усвоени се и постапката за спроведување теренска проверка заради ажурирање на избирачкиот список и правилникот за методологија за водење и ажурирање на избирачкиот список ...

Државната изборна комисија синоќа го усвои правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во избирачкиот список.

Усвоени се и постапката за спроведување теренска проверка заради ажурирање на избирачкиот список и правилникот за методологија за водење и ажурирање на избирачкиот список заснована на проверки и статистички анализи, вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденции, неограничени теренски проверки и други соодветни признати методи за проверка.

Седницата на ДИК следеше по добиената писмена согласност од четирите најголеми партии во Собранието на Република Македонија за методологијата за избирачкиот список.