Со кој тим против Шпанија?
Со натпреварот против светскиот првак Шпанија денеска од 16 часот во Хернинг, македонската ракометна репрезентација го завршува настапот на Европското првенство во Данска. По најновите настани во националниот состав , но и по 5-те исцрпувачки средби засега е неизвесно кого се ќе видиме на теренот против моќната шпанска армада. Селекторот Ивица Обрван реши да не смета на услугите на Бранислав Ангеловски и потврди дека за него додека тој е селектор ќе нема повик во репрезентацијата,

Кире Лазаров се жали на повреда на препоните и речиси не тренираше на последниот тренинг. Пецаковски исто така се жали на болки во коленото, а според некои информации проблеми има и голманот Борко Ристовски. Јоноски од поодамна има проблеми со тетивата , а тренингот не го заврши ниту Миркуловски кој исто така се жали на повреда. Меѓу 16-те ракометари за денешниот натпревар е пријавен Никола Маркоски, а неговиот брат Велко кој е под инекции поради болки во грбот сепак најавува дека без оглед на се мора да се даде максимумот и да се одигра на високо ниво против фаворитот.
Дуелот Македонија - Шпанија почнува во 16 часот, а ќе го судат Столаровс и Лицис од Летонија.