Де Мистура: Нема мир ако не успеат преговорите за Сирија

03.02.2016 10:37

И покрај официјалниот почеток на преговорите, вчерашниот ден беше одбележан од целосен застој.

Специјалниот пратеник на ОН, Стафан де Мистура изјави дека за сирискиот народ нема да има никаква надеж ако не успеат актуелните мировни преговори за Сирија во Женева.

И покрај официјалниот почеток на преговорите, вчерашниот ден беше одбележан од целосен застој.

Ставот на режимот е дека нема партнер со кого ќе преговара, а опозицијата инсистира на итни мерки за помош на цивилите и ја обвини меѓународната заедница дека ги затвора очите за трагедијата во Сирија.