Словенија нуди помош во борбата против Исламска држава
03.02.2016 12:36
Радиото посочува дека словенечките воени инструктори веројатно ќе ги обучуваат курдските војници во градот Ербил, престолнината на Ирачки Курдистан...

Радио Словенија повикувајќи се на неофицијални извори информира дека Словенија веројатно ќе понуди оружје и воени инструктори во меѓународната коалиција, предводена од САД, против Исламска држава.
Радиото посочува дека словенечките воени инструктори веројатно ќе ги обучуваат курдските војници во градот Ербил, престолнината на Ирачки Курдистан, додавајќи дека се очекува Владата во текот на денот да го одобри планот.
Словенија, како членка на ЕУ и еврозоната, досега не учествуваше во активностите против Исламска држава.
