Повредените бугарски државјани во сообраќајката кај Ранковце ќе бидат транспортирани во Софија
Според МВР, несреќата се случила кога 48-годишниот возач на автобусот изгубил контрола над возилото, излегол надвор од коловозот и слетал на земјена површина. Автобусот удрил во дрво и се превртел.

Бугарски автобус со 45 патници синоќа излетал од магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, кај селото Опила, Општина Ранковце, при што биле повредени 26 патници, од кои петмина потешко. На сите им била укажана лекарска помош, и се задржани на лекување во медицинскиот центар во Крива Паланка.
Бугарскиот конзулат во текот на денот организирал префрлање на повредените и нивно натамошни лекување во Бугарија.
Според МВР, несреќата се случила кога 48-годишниот возач на автобусот изгубил контрола над возилото, излегол надвор од коловозот и слетал на земјена површина. Автобусот удрил во дрво и се превртел.
Увидна екипа работи на утврдување на причините за несреќата.
