Нови автобуски постојки на булеварите „Партизански одреди“ и „Јане Сандански“

03.02.2016 13:36

Во текот на 2016 година ќе бидат поставени вкупно 52 нови автобуски постојки кои во најголем број ќе бидат лоцирани на трасите на булеварите „Јане Сандански“ и „Партизански одреди“.

Градот Скопје и ЈСП ги продолжуваат активностите за замена на старите и поставување на нови модерни автобуски постојки. Изминатиов период почна поставувањето на нови автобуски постојки  по должината  на трасите на булеварите „Јане Сандански“, „Партизански одреди“ и „Кузман Јосифовски-Питу“.

Во текот на 2016 година ќе бидат поставени вкупно 52 нови автобуски постојки кои во најголем број ќе бидат лоцирани на трасите на булеварите „Јане Сандански“ и „Партизански одреди“.

Овој проект е во вредност од 11 милиони денари, а е финансиран од буџетот на Град Скопје и ЈСП-Скопје.