Јункер: Предлогот за реформирање на односите на Британија и ЕУ е правилен

03.02.2016 13:38

Јункер објасни дека отсекогаш сакал Британија да остане членка на ЕУ на основа на чесен договор...

Предлогот за реформирање на односите на Велика Британија со Европската унија е правилен и Европскиот парламент (ЕП) мора да го поддржи, нагласи денеска претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер пред европските претставници во Стразбур.

Јункер објасни дека отсекогаш сакал Британија да остане членка на ЕУ на основа на чесен договор, и дека решението кое е предложено е праведно за Британија и останатите 27 држави членки.