Графики на Пикасо во галеријата на МКЦ

03.02.2016 13:41

46 графички дела, факсимили на цртежи, литографии и гравури македонската јавност ќе има можност да ги види од 19-ти февруари до 16-ти март. Влезот ќе биде слободен. Делата се во сопственост на приватната галерија „Висконти“ од Љубљана.

Дел од творештвото на големиот Пикасо, ќе биде изложено во Младинскиот културен центар. 46 графички дела, факсимили на цртежи, литографии и гравури македонската јавност ќе има можност да ги види од 19-ти февруари до 16-ти март. Влезот ќе биде слободен. Делата се во сопственост на приватната галерија „Висконти“ од Љубљана.

Во сржта на збирката се комплети на оригинални графики сместени во три мапи, кои се денес ретко видени и достапни дела. „Двојна флејта“, „Фауна и флора од Антиб“ и „Цртежите на Пикасо“.

Во Младинскиот културен центар, македонската јавност ќе може да ги види и поп - арт изложбата на Енди Ворхол и дела од Рој Лихтенштајн.

Минатите години беа изложени делата на големите Дали, Вазарели, Мур, Базелиц и Саудек, а за годинава, министерката Канческа најави уште неколку познати светски, но и македонски автори.

Александра Перевска