Времен прекин на сообраќајот кон Грција поради штрајк на грчките фармери
Авто мото сојузот на Македонија информира дека прекинот на сообраќајот на граничниот премин Меџитлија што почна во 11 часот ќе трае до 13 часот, а ќе продолжи и попладне од 17 до 20 часот.

Поради штрајк на грчките земјоделци времено е во прекин сообраќајот за влез и излез од Македонија кон Грција на граничните премини Меџитлија, Стар Дојран и Богородица.
Авто мото сојузот на Македонија информира дека прекинот на сообраќајот на граничниот премин Меџитлија што почна во 11 часот ќе трае до 13 часот, а ќе продолжи и попладне од 17 до 20 часот. На граничниот премин „Стар Дојран“ блокадата е од 11 до 14 часот, а на „Евзони“ од 11 до 13 часот.
Според АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по претежно суви коловози, освен на повисоките и осојничавите места.
