Потврдени два случаи на вирусот Зика во Ирска
03.02.2016 15:52
Инфицирани се маж и постара жена, и двајцата се опоравуваат од вирусот, јави Би-Би-Си.

Во Ирска се потврдени два случаја на зараза со вирусот Зика, соопштија здравствените власти. Инфицирани се маж и постара жена, и двајцата се опоравуваат од вирусот, јави Би-Би-Си.
Тие патувале во држави каде постојат случаи на зараза.
СЗО соопшти дека европските држави би требало да почнат да се подготвуваат да ја заштитат популацијата од вирусот Зика.
Вирусот зика со голема брзина се шири во Северна и Јужна Америка, а СЗО поради тоа прогласи глобална вонредна ситуација.
