Поднесени речиси 1.000 амандмани против новиот универзитет „Дамјан Груев“
Во Собранието контра ставови околу формирањето на новиот универзитет „Дамјан Груев“.

Опозицијата поднела безмалку 1.000 амандмани до Комисијата за образование. Во Собранието контра ставови околу формирањето на новиот универзитет „Дамјан Груев“. Тврдат дека нема потреба од формирање на нов универзитет, а дека до Комисијата не е испратено ниту мислење, ниту елаборат за формирањето.
ВМРО-ДПМНЕ со став- СДСМ се деструктивни на секое поле. Со поднесените амандмани опозицијата признава дека го блокира формирањето на новиот универзитет. Тој, рече пратеникот Илиоски, ќе овозможи нови простори за учење и конкурентност.
На Универзитетот за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“, предвидено е да има две академии за копнена војска и воздухопловство, факултети за безбедност, медицински, правен и мировни студии, но и институти за командни и штабни функции и информатички технологии и сајбер безбедност.
Миле Ристески
