Пуштена во употреба нова амбуланта во Миладиновци

03.02.2016 16:37

Амублантата ќе опслужува 4.500 пациенти од повеќе места во општина Илинден (Миладиновци, Бујковци, Мршевци, Бучинци, Текија и Дељадровци).

Нова амбуланта во населеното место Миладиновци е пуштена денеска во употреба во присуство на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров.

Амублантата ќе опслужува 4.500 пациенти од повеќе места во општина Илинден (Миладиновци, Бујковци, Мршевци, Бучинци, Текија и Дељадровци).

Тодоров во разговор со Груевски информира дека амбулантата  е заедничка инвестиција на општина Илинден, Министерството за здравство и Здравствен дом-Скопје и оти инвестицијата е вредна 15 милиони денари.

Станува збор за објект на површина од 300 метри квадратни кој опфаќа две ординации за општа медицина, стоматолошка ординација, просторија за вакцинација, просторија за интервенција, лабораторија, аптека, чекална, како и оптимален број на тоалети за пациентите.

Новиот објект е изграден за половина година.