Македонците лани потрошиле 18,4 милиони евра он-лајн

03.02.2016 16:40

Според податоците на Народната банка за платежни картички, лани над милион трансакции преку интернет, за 33,6 насто повеќе од 2014- тата.

Сѐ поголем број Македонци тргуваат преку интернет. Расте бројот на он- лајн купувачи. Според податоците на Народната банка за платежни картички, лани над милион трансакции преку интернет, за 33,6 насто повеќе од 2014- тата. Потрошени 18,4 милиони евра.

Интернет тргувањето забрзано расте и за пет години, се зголемило за десет пати. Познавачите на пазарот велат – социјалните мрежи и мобилните апликации ќе направат уште поголема експанзија.