Се бараат компании за изградба на експресниот пат Штип- Радовиш
03.02.2016 16:46
Европската банка за обнова и развој која обезбедува заем од 64 милиони евра, од Лондон објави повик за претквалификација на заинтересирани компании.

Се бараат домашни и странски компании кои ќе го градат експресниот пат Штип - Радовиш. Европската банка за обнова и развој која обезбедува заем од 64 милиони евра, од Лондон објави повик за претквалификација на заинтересирани.
Крајниот рок за пријавување е 4-ти март годинава. Се очекува градежните работи да да почнат во јуни и да завршат за 36 месеци.
Експресниот пат ќе биде со должина од 39 километри, проектирано е да има 11 мостови, 22 премини, 3 надвозници и 2 подвозника.
