Почна електронското пријавување за субвенции за нови лозови и овошни насади
04.02.2016 10:34
Почна електронското пријавување за субвенции за нови лозја и овошни насади. Земјоделците кои ќе инвестираат во ваквото производство ќе добиваат до 2 милиони и 500 илијади денари...

До 29 февруари лозарите и овоштарите ќе можат електронски да аплицираат за финансирање на нови насади подигнати од 1 октомври до 31 декември 2015 година.
Субвенциите се од 50 до 75 проценти во зависност од возраста на земјоделецот и местото на насадите.
Право на овие пари имаат евидентираните земјоделци со површина од најмалку половина хектар.
Треба да имаат и агрохемиска анализа на почвата и платена водарина и пашарина.
Досега за оваа намена се исплатени повеќе од 1,1 милион евра на 400 земјоделци.
Методија Трајков
