Дали функционира Бадинтер на локално ниво?

22.01.2014 14:55

Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и Институтот за развој на заедницата (ИРЗ) го реализираа проектот БОНА МЕНТЕ ,, Подобрување на вклученоста на немнозинските заедници на локално ниво преку Комисиите за односи меѓу заедниците”.

Во рамките на проектот беше спроведено истражување на тема ,,Примена на начелото на соодветна и правична застапеност” во 19 општини со мешан состав на населението.

Ако се анализираат мислењата на испитаниците за тоа дали начелото на соодветна и правична застапеност се применува на централно и на локално ниво, повеќето испитаници имаат негативни мислења во однос на сите нивоа. Беше промовирана и публикација која е наменета за граѓаните на РМ, државните институции, единиците на локалната самоуправа и  стручната јавност. На промоцијата се обрати евроамбасадорот Аиво Орав.

,,Проектот ја истакнува важноста на Комитетот за односи меѓу заедниците. Со создавањето на овие тела се постигнува следниот чекор кон правичната застапеност на сите заедници во земјата. Им честитам на учесниците во проектот за постигнатите резултати “, изјави евроамбасадорот.

Она што го сработивме досега, ни даде уверување дека одиме во вистинска насока, порача Сретен Коцески од ИРЗ.

,,Државните институции треба да вложат повеќе напори, енергија и средства за  Комисиите за односи меѓу заедниците да си го најдат своето место. Потребна е поголема координација меѓу сите вклучени учесници“, вели Сретен Коцески.

Лидија Чакар