Одбележување 144 години од раѓањето на Гоце Делчев

04.02.2016 09:34

Делегации на државни институции, политички партии, граѓански здруженија, денеска ќе положат цвеќе на гробот на Делчев во црквата Свети Спас во Скопје.

Почит кон идеологот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев , по повод 144 годишнината од неговото раѓање.

Делегации на државни институции, политички партии, граѓански здруженија, денеска ќе положат цвеќе на гробот на Делчев во црквата Свети Спас во Скопје.

Основоположникот на борбата за независна Македонија е роден во Кукуш, денешна Северна Грција.

Во пресрет на Илинденското востание во 1903-та беше убиен во село Баница.