Тројца убиени во престрелка во Елбасан

04.02.2016 11:23

Според првичните сознанија мотивот е крвна одмазда.

Три лица се убиени, а осуммина се повредени, од кои двајца во критична состојба во вооружена престрелка што синоќа се случила во албанскиот град Елбасан.

Инцидентот се случил во угостителски објект во близина на стадионот „Елбасан Арена“.

Според информациите, неколку маскирани, вооружени лица влегле во објектот и отвориле оган од автоматско оружје.

Според првичните сознанија мотивот е крвна одмазда. Полицијата трага по сторителите.