Бразил му „објави војна“ на вирусот Зика

04.02.2016 11:30

Претседателката Русеф соопшти дека сабота е прогласена за ден за мобилизација, во кој ќе се вклучат илјадници припадници на бразилската армија и вработените во државните служби, кои ќе работат на истребувањето на опасните инсекти од домовите и од службените простории и државните канцеларии.

Бразилскиот претседател Дилма Русеф им објави војна на комарците кои го шират вирусот Зика. Претседателката Русеф соопшти дека сабота е прогласена за ден за мобилизација, во кој ќе се вклучат илјадници припадници на бразилската армија и вработените во државните служби, кои ќе работат на истребувањето на опасните инсекти од домовите и од службените простории и државните канцеларии.

„Сите ние мора да се вклучиме во оваа борба. Потребна ни е помош и добра волја од сите. Соработувајте, мобилизирајте ги вашите семејства и заедниците. Бидејќи науката се уште не развила вакцина против Зика, сметам дека единствениот ефикасен метод да се спречи овој вирус е жестока битка против комарците“, изјави Русеф.

Зика забрзано се шири низ Бразил, каде и прв пат се појави во мај минатата година, но и низ земјите од Латинска Америка и Карибите.