Издадени нови 2.496 потврди за азил

04.02.2016 11:47

Од почетокот на годинва издадени се потврди на вкупно 57.973 странски државјани

Во последниве 24 часа според евиденцијата на МВР издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.496 странски државјани, од кои 992 од машки и 460 од женски пол, како и на 1.033 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште  на 11 деца кои патуваат без придружба. Според државјанството, најбројни се државјаните на Сирија-1.152, потоа на 867 државјани на Авганистан и на 477 на државјани на Ирак.

Од почетокот на годинва издадени се потврди на вкупно 57.973 странски државјани, од кои 23.931 се од машки пол, 12.427 се од женски и 21.502 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 113  деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија-28.581, Авганистан-18.314 и Ирак-11.075.

Во изминативе 24 часа до Секторот за азил поднесени се три барања за признавање на право на азил од двајца државјани на Авганистан и едно од Сирија, додека од почетокот на 2016-та до вчера, барање за признавање на право на азил поднеле десет лица, седум од Авганистан и три од Сирија.