Асанж: Ќе се предадам ако загубам
Полицијата се огласи откако Асанж кој веќе три години е во еквадорската амбасада изјави дека уште утре ќе и се предаде на британската полиција ако комисијата на ОН пресуди дека тој не е нелегално притворен.

Британската полиција соопшти дека ќе го уапси основачот на Викиликс, Џулијан Асанж ако ја напушти амбасадата на Еквадор во Лондон. Полицијата се огласи откако Асанж кој веќе три години е во еквадорската амбасада изјави дека уште утре ќе и се предаде на британската полиција ако комисијата на ОН пресуди дека тој не е нелегално притворен.
Меѓутоа, истакна дека доколку одлуката е поинаква, ќе очекува веднаш да му биде вратен пасошот и да сопрат обидите за апсење.
ОН утре ќе објават дали ќе бараат ослободување на Асанж. Тој најде засолниште во Амбасадата на Еквадор во Лондон во јуни, 2012, за да избегне екстерадиција во Шведска поради обвиненија за сексуални напади кои тој ги отфрла.
