Oдбележани 144 години од раѓањето на великанот Гоце Делчев
Цвеќе пред саркофагот на Гоце положи делегација на Владата предводена од премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, делегации на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, од Армијата на РМ...

Во црквата Св. Спас во Скопје беше одржана Панихида на Македонската православна црква по повод 144 години од раѓањето на еден од најголемите македонски херои и идеолог на македонската револуционерна борба, великанот Гоце Делчев.
Цвеќе пред саркофагот на Гоце положи делегација на Владата предводена од премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, делегации на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, од Армијата на РМ, Сојузот на борците од НОБ, од Град Скопје и општини, МАНУ, Институтот за национална историја, Матица на иселениците, од Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип, претставници на политички партии и здруженија, културно-уметнички друштва и училишта што го носат името на Делчев, граѓани што го почитуваат неговото дело.
Во чест на годишнината од неговото раѓање настапи и Градскиот мешан хор „Вардар“.
