Во напад со дрон убиен лидерот на ИД во Јемен
04.02.2016 12:45
Локални жители и официјални јеменски претставници објавија дека Балади и двајца негови помошници биле убиени кога ракета истрелана од дрон го погодила возилото со кое патувале...

Лидерот на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Јемен, Џалал Баледи е убиен во ракетен напад на беспилотно летало.
Западните медиуми, повикувајќи се на изјави на локални жители и официјални јеменски претставници објавија дека Балади и двајца негови помошници биле убиени кога ракета истрелана од дрон го погодила возилото со кое патувале.
Нападот се случил на пат меѓу градовите Зинжибар и Шакра во јужниот дел на Јемен.
