Расте цената на нафтата на светските берзи

04.02.2016 12:52

Во Лондон барел нафта достигна ниво од 33,29 долари, а на американската берза барел се продаваше за 30,42 долари.

Расте цената на суровата нафта на светските берзи откако Русија потврди дека по пауза од повеќе години ќе разговара со ОПЕК за намалување на дневното ниво на производство на сурова нафта.

Во Лондон барел нафта достигна ниво од 33,29 долари, а на американската берза  барел се продаваше за 30,42 долари.

До следната корекција на цените што ја врши Регулаторната комисија за енергетика која е закажана за 8-ми февруари има една недела, а истовремено опаѓа и курсот на доларот во однос на денарот.

Малопродажните цени на бензините во земјава се на најниско ниво од 2006-та досега.

Литар Евродизел се продава за 39 денари, безоловниот бензин БС 95 чини 57,5 денари, а БС 98 се продава за 59,5 денари.

 

Свето Николовски