Во Германија уапсени двајца Алжирци осомничени за врски со ИД

04.02.2016 13:31

Во полициските акции биле уапсени двајца од четворцата најбарани алжирски државјани, осомничени за тероризам и поврзаност со џихадистичката група Исламска држава.

Безбедносните сили во Германија уапсиле двајца осомничени исламисти по добиена дојава за подготовка на терористички напад.

Во полициските акции биле уапсени двајца од четворцата најбарани алжирски државјани, осомничени за тероризам и поврзаност со џихадистичката група Исламска држава.

Едниот бил упасен во Центар за регистрација на бегалци во Атендорн, а другиот во германскиот главен град.

Полицијата добила дојава за подоготвка на терористички напад од службата за контраразузнавање.

Не е позната локацијата на која би бил извршен нападот.