Деблокирана пругата кај Гевгелија
На синоќешната седница на Управувачкиот комитет за кризни ситуации во кој има претставници од сите надлежни државни институции, било договорено мигрантите да се превезуваат со по еден воз дневно, а останатите да се превезуваат со такси возила и со автобуси.

Таксистите ја прекинаа блокадата на пругата кај Гевгелија и од утрово таа е отворена за редовен сообраќај. На синоќешната седница на Управувачкиот комитет за кризни ситуации во кој има претставници од сите надлежни државни институции, било договорено мигрантите да се превезуваат со по еден воз дневно, а останатите да се превезуваат со такси возила и со автобуси.
Како што велат за МТВ од Центарот со управување со кризи, станува збор за времена мерка чие времетраење не е определено и ќе зависи од дневниот прилив на мигранти од Грција.
Со деблокада на пругата се исполнети и барањата на четирите синдикати на Македонски железници инфраструктура, кои укажаа дека со прекин и редукција на железничкиот сообраќај се нанесува сериозна финансиска штета и се доведува во прашање редовната исплата на платите на повеќе од 3.000 вработени.
