Урбанизација на Струга, екологистите се противат
Екологијата како тема присутна на сите нивоа. Му се заканува ли нова еколошка катастрофа на струшкиот брег на Охридското Езеро?

Екологијата како тема присутна на сите нивоа. Му се заканува ли нова еколошка катастрофа на струшкиот брег на Охридското Езеро?
Како што дознава МРТВ, на наредната седница на Советот на Општина Струга се очекува да биде донесена одлука за остранување на урбаната опрема од струшките плажи, што е пак дијаметрално спротивно на планирањето на градоначалникот за урбанизација на дел од брегот на струшкото крајбрежје на потегот од Струга до Радожда.
Најавата за урбанизација на струшкиот брег ги крена екологистите на нозе.
- Што се однесува до левиот дел од патот Струга-Калишта, овој простор е прогласен за простор од посебен вид, т.е. заштитен простор со одлука на Општината од 1995 година, вели екологистот Мате Гогоски.
Уште од 1995 година на регионално ниво со земјите од нашето опкружување е донесена одлука да не се гради до 300 метри од брегот на самото езеро.
- Најмалку 300 метри од брегот на езерото, во внатрешноста на просторот може да се гради во урбаниот дел или пак, ако станува збор за индустриски објекти, тоа треба да биде најмалку 2 километра, истакна Мате Гогоски од еколошкото друштво Енхалон од Струга.
Со отстранување на трската од езерото се нарушуваат биодиверзитетот и екосистемот на Охридското Езеро.
Новинар: Јованчо Наумоски
Снимател: Сашо Кленкоски
