ДИК презема активности за проверка на избирачкиот список

04.02.2016 16:21

ДИК ги презема сите активности за проверка на избирачкиот список. Дали ќе бидат подготвени со прочистен избирачки список до 24-ти април, првиот човек на комисијата не може сега да каже...

Првиот човек на ДИК, Чичаковски тврди дека комисијата ќе придонесе за избирачки список, ослободен до смонежи, во кој нема да има грешни податоци. Но, не може, вели, уште од сега да каже дали ќе бидат подготвени за избори на 24-ти април.

„Најпрво би сакал да почнеме со вкрстените проверки, да ги видиме првите индикации, и потоа да видиме колкав обем на активности би требало да преземеме во наредниот период, и тогаш би имале вистински индикации и да дадеме точна прогноза“, вели претседателот на ДИК, Александат Чичаковски.

Проверката на податоците во избирачкиот список ќе се врши во фази. После вкрстените проверки и анализи на списокот со базата на податоци на десет други државни органи ќе има теренски проверки за утврдување на фактичката состојба. Потоа ќе следуваат постапки за поништување на правни акти со кои се извршени спорни записи во списокот како и постапка за биршење и дополнување на избирачкиот список и ќе бидат издвоени категории на граѓани заради избегнување на злоупотреба на нивниот идентитет. Комисијата до сега усвоила процедури за заштита на личните податоци.

„Ангажиралавме пет ИТ консултанти, од кои четири предложени од најголемите политички партии застапени во Собранието, и еден меѓународен стручњак, кои веќе ги утврдиле техниките што ќе се користат при вкрстените проверки на статистичките анализи“, изјави Чичаковски.

ДИК потпишала меморандум со четири инситуции, а за десет дена со сите други. Поради моќноста за брзо бришење на неточни записи од списокот, ДИК иницирал измени и дополнувања на неколку закони. Во тек е и изработка на софтвер за да можат граѓаните да извршат проверка на списокот.

 

Фиљана Кока