Европски фондови: 42 милиони евра за прекугранична соработка со Грција

04.02.2016 16:30

За успешните апликаци, локалните самоуправи на Македонија и Грција во следните пет години од европските фондови за прекугранична соработка ке можат да извлечат дури 42 милиона евра. Деновиве е објавен првиот повик вреден 20,5 милиони евра. Во изминатиот период искористеноста била околу 85 насто. Општина Новаци е пример за успешност со пет реализирани проекти и извлечени 800.000 евра.

За следниов петгодишен период Европската комисија преку своите фондови става на располагање 42 милиони евра за издржаните проекти во рамките на програмата за прекугранична соработка со Р. Грција. Половината од средствата се активирани со неодамнешниот прв јавен повик. Апликаците ќе се однесуваат на проекти кои се однесуваат на подигањето на мобилноста на работна сила, подобрување на патната инфраструктура, заштита на животната средина и унапреувањето на туризмот, преку ревитализација на културното богатство. Од Министрството за локална самоупрева велат дека буквално ќе ја бобмардираат Европската комисија со квалитетни апликации со цел да се искористат што повеќе средства.

„Иако во минатиот период искористеноста од прекуграничната соработка со Р.Грција беше околу 85%, јас не сум целосно задоволен, можеме и мораме уште подобро, односно овојпат искористеноста да биде околу 95%, колку што беше минатиот пат со Р.Бугарија“, вели заменикот министер за локална самоуправа Љупчо Пренџов.

Новаци е македонската лидер општина. Досега пет пати нејзините апликаци добивале зелено светло за што добила 800.000 евра. Проектите се доставени и за овој јавен повик, а тежината е ставена на проектот за меморијалниот туризам преку знаменитостите од Првата Светска војна.

„Поддршката ја имаме и од француската амбасадорка, тоа ќе биде голема туристичка атракција ако добиеме средства да ги реновираме сите знаменитости што сведочат за дејствијата од Првата Светска војна“, вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Од ресорното министерство велат дека дополнителни средства ќе има и од повикот кој ќе следи за прекугранична соработка со Албанија и Косово, а годинава за прв пат ќе биде објавен повик за ваков вид соработка и со Република Србија.

 

Стевче Митревски