Продолжува поддршката за младите земјоделци
Младите земјоделци годинава ќе се поддржат со над 1 милион евра. Со парите се очекува да се отворат над 100 бизниси во агросекторот. Досега повеќе од 300 млади земјоделци со финансиска поддршка од државната каса почнале свој бизнис...

Таки Ѓоргиев од скопско Булачани на 35 години со пари од државната каса почнал бизнис со земјоделство. За да го развива бизнисот добил 600.000 денари. Вели- иднината е во земјодлеството, а финaнсиката поддршка му помогнала за реализација на долгогодишната цел.
„Од минатата година ова е мојата основна дејснот, плантажата е со насад од гоџи-бери. Ова е веќе трета година. Она што беше визија да се работи и понатаму во земјоделието го направивме со набавка на шест грла говеда“, вели Ѓоргиев.
Младите до 40 години треба да го следат примерот на Таки, да ја искористат поддршката која им ја дава државата, велат надлежните. Годинава се обезбедени пари за повеќе од стотина земјоделци.
„Се дава можност оние кои сакаат да се занимаваат со оваа дејност да отворат сопствено земјоделско стопанство, да го евидентираат во регистарот и да ја искористат можноста да набават механизација, да подигнат пластеници, овошен или лозов насад или било што што се однесува на одредено земјоделско стопанство“, вели заменик министерот за земјоделство, Ванчо Костадиновски.
Огласот за младите земјоделци ќе трае еден месец.
„Барањата се поденсуваат електронски, за сите оние што сакаат да поднесат барање, линк има на веб страната на агенцијата, а за сите информации и начинот за аплицирање, кои се условите - може да се обратат во агенцијата“, вели Билјана Вуковиќ, директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството.
Повеќе од 300 млади земјодлеци досега ја искористиле оваа мерка, почнале свој бизнис.
Наташа Јанчиќ
