Нов оглас за прием на 125 професионални војници во АРМ

05.02.2016 10:49

Селекцијата ќе се врши преку општообразовен и психолошки тест, проверка на физичката способност и здравствени прегледи.

Министерството за одбрана објави нов оглас за прием на 125 професионални војници во Армијата на Република Македонија.

Селекцијата ќе се врши преку општообразовен и психолошки тест, проверка на физичката способност и здравствени прегледи. Армијата ќе ги ангажира најдобрите кандидати за професионални војници, велат од одбраната.

Минатата година се заокружи процесот на прием на 250 професионални војници во служба на Армијата на Република Македонија.