Во сомалискиот авион најверојатно имало бомба

05.02.2016 10:57

Високо рангиран дипломат изјавил дека по се изгледа дека се работи за напад со бомба, но дека се уште не може се потврди.

Експлозијата што го принуди сомалискиот патнчики авион принудно да слета пред два дена веројатно е предизвикана од бомба, објави американската ТВ мрежа, ЕН-БИ-СИ.

Високо рангиран дипломат изјавил дека по се изгледа дека се работи за напад со бомба, но дека се уште не може се потврди.

Телевизијата наведува дека ниту една терористичка група до сега не презела одговорност за инцидентот, но потсетува дека сомалија веќе подолго време се бори против терористичката Ал Шабаб, којашто е филијала на Ал Каеда.