Многу комбинации за пожарот во Пошта
Дваесет и пет литарска канта со моторно масло е една од можните причини за пожарот во Македонски пошти. Биле мострите од понудувачот што го добил тендерот, а се чувале во канцеларијата на шефот на кабинетот на директорот. Арменд Фазлиу тврди дека не пушел во неа бидејќи е противзаконски. Во времето кога избувнал пожарот бил во кафуле во близина на поштата со клиент. Според обвинението базирано на увидот на МВР, кантата за отпадоци е посочена како жариште, но тој ги отрфли наводите.
Дваесет и пет литарска канта со моторно масло е една од можните причини за пожарот во Македонски пошти. Биле мострите од понудувачот што го добил тендерот, а се чувале во канцеларијата на шефот на кабинетот на директорот. Арменд Фазлиу тврди дека не пушел во неа бидејќи е противзаконски. Во времето кога избувнал пожарот бил во кафуле во близина на поштата со клиент. Според обвинението базирано на увидот на МВР, кантата за отпадоци е посочена како жариште, но тој ги отрфли наводите. Вештаците не успеале да најдат врска на пожарот со електичната инсталација, па Фазлиу тврди дека имало неколку продолжни кабли на кои биле поврзани повеќе апарати.
Според раководителот на правната служба Гордана Симоноска, претпријатието било осигурено од први јануари 2013, иако тендерската постапка за најповолна осигурителна компанија вообичаено почнувала пред Нова година. Директорот на Македонски пошти Рафиз Алити објасни дека договорот ја покрива штетата од околу 6 милиони денари.
„Осигурителната компанија со која склучивме договор„Кроација осигурување“ секако дека стои зад тоа, и во договорот стои дека секако ќе се откаќе од премијата. На прашашето дали компанијата ќе ја надомести штетата Фазлиу потврдно одговори.
Шефот на кабинетот Фазлиу се товари дека е одговорен за предизвикување на пожарот. Процесот почна една година по настанот во кој беше уништена управната зграда на Поштата.
