Петмина загинати во сообраќајна несреќа во Романија
05.02.2016 11:44
Автобус, кој сообраќал на редовна линија меѓу градовите Манешт и Плоешт, со околу 40 патници, удрил во камион, натоварен со песок.

Пет лица загинаа, а 30 беа повредени во сообраќајна несреќа утрово во Романија. Ицидентот се случил во на обиколницата на градот Плоешт, северно од Букурешт.
Автобус, кој сообраќал на редовна линија меѓу градовите Манешт и Плоешт, со околу 40 патници, удрил во камион, натоварен со песок.
Според првичните заклучоци, виновен за инцидентот е возачот на автобусот, бидејќи на местото не се откриени траги од сопирачки.
Полицијата се сомнева дека возачот на автобусот заспал на воланот или возилото имало технички проблеми.
