2.000 лица заболени од грип, најмногу во Струмица

05.02.2016 12:10

Најмногу заболени регистрирани се во Струмица, во Битола и во Свети Николе. Бројка на заболени со симптоми на грип сезонава достигна речиси 4.900 граѓани.

Минатата недела, близу две илјади граѓани со симптоми на грип се јавиле на лекар - покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје. На удар возрасната група од 15 до 64 години.

Најмногу заболени регистрирани се во Струмица, во Битола и во Свети Николе. Бројка на заболени со симптоми на грип сезонава достигна речиси 4.900 граѓани.

Сепак, најсигурна заштита против сезонскиот грип е вакцинацијата. Докторите апелираат болните да го редуцираат престојот на отворено. Да се почитуваат и препораките - лицата со симптоми на грип да останат дома.