Над 60 илјади потврди за азил издадени од почетокот на 2016-та

05.02.2016 12:36

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-29.416, Авганистан-19.169 и Ирак-11.558.

Од почетокот на годинава до ноќеска на полноќ издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на 60.146 странски државјани, а 10 лица побарале признавање право на азил, седум од Авганистан и три од Сирија, покажуваат податоците на МВР. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-29.416, Авганистан-19.169 и Ирак-11.558.  

Во последниве 24 часа издадени се потврди за азил на 2.173 странски државјани. Од новоиздадените потврди, 889 се на мажи, 446 жени, 837 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и едно дете кое патува без придружба. Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на Авганистан, 855, по што следат државјани на Сирија, 835, и на Ирак, 483.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил  вчера се евидентирани 16 баратели на азил од кои 13 мажи, една жена и две деца со придружба на старател.

Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, една жена, три малолетни деца со придружба на старател и  пет малолетни лица без придружба на старател, се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.