Cубвенционирано вработување

22.01.2014 15:50

Некој од неодамна, некој со децении бара работа во Агенцијата за вработување...

Некој од неодамна, некој со децении бара работа во Агенцијата за вработување. Профилите на барателите различни, искуството скоро исто.

Преку мерката субвенционирање на работодавачи, годинава 587 невреботени ќе го решат животниот проблем. Финансиската поддршка е 17.000 денари по човек месечно, од кои 3.000 се за работодавачот, а другите за плата на ангажираниот. За секој вработен ќе се исплаќа бруто-плата 6 месеци. Работодавачот има обврска да го задржи најмалку уште 12 месеци или на негово место да вработи друг.

„Ова е една од најуспешните мерки во изминативе 7 години.  Вработени се 4.668 граѓани, меѓу кои млади лица до 29 години, долгорочно невработени, самохрани родители, деца без родители“, вели Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.

Влатко Попвски, директор на Агенцијата за вработување на Република Македонија  вели дека „за да бидат дел од оваа мерка, работодавачите треба да исполнат услов, да немаат намалено вкупен број вработени во изминативе шест месеци“.

Според податоците на Агенцијата, 96 илјади граѓани активно бараат работа, додека 126 илјади се пасивни баратели на работа. Но некои невработени бараат работа, а во Агенцијата оставаат погрешни податоци, скоро 5 илјади оставиле лажен телефонски број или адреса.

 

Новинар: Наташа Јанчиќ

Снимател: Борис Каески