Курц од недела во повеќедневна турнеја по Западен Балкан

05.02.2016 13:58

Прва станица од неговата посета ќе биде Сараево, па Белград, во понеделник и вторник, а потоа патува за Подгорица, Тирана, Приштина и Скопје.

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц в недела ја почнува повеќедневната турнеја по земјите од западен Балкан, во текот на која треба да ја потенцира намерата на Виена и натаму да се ангажира за овој регион, посебно во поглед на членството во ЕУ.

Австрија сака западен Балкан да го види во ЕУ и овој став министерот Курц ќе го потврди на турнејата по сите шест држави од западен Балкан, јави агенцијата АПА.

Прва станица од неговата посета ќе биде Сараево, па Белград, во понеделник и вторник, а потоа патува за Подгорица, Тирана, Приштина и Скопје.

Во Белград и Скопје една од поважните теми ќе биде бегалската криза.