Панелот на ОН одлучи во корист на Асанж

05.02.2016 14:03

Работната група на ОН ја повика Британија и Шведска да „го прекинат неговото лишување од слобода“, оценувајќи дека мора да се почитува неговиот „физички интегритет и слободата на движење“.

Панелот на ОН објави дека основачот на Викиликс Џулијан Асанж е „арбитрарно притворен“ и повика на негово ослободување. Работната група на ОН ја повика Британија и Шведска да „го прекинат неговото лишување од слобода“, оценувајќи дека мора да се почитува неговиот „физички интегритет и слободата на движење“.

Панелот меѓудругото соопшти и дека Лондон и Стокхолм треба да му ја надоместат штетата на Асанж.

Претходно портпаролот на британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека Асанж ќе биде уапсен доколку излезе од амбасадата на Еквадор, без оглед на одлуката на комисијата на ОН.