Надзорната собраниска комисија ја посети Агенцијата за разузнавање

05.02.2016 14:48

Презентирани aктивностите на Агенцијата што се преземаат за идентификување на безбедносните закани што произлегуваат од активности на поединци и групи кои манифестираат насилен екстремизам и верски радикализам со потекло од балканските земји и нивната поврзаност со терористички структури на Блискиот Исток и во земјите- членки на Европската унија.

Во работна посета на Агенцијата за разузнавање, престојуваа членови на собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.

Презентирани aктивностите на Агенцијата што се преземаат за идентификување на безбедносните закани што произлегуваат од  активности на поединци и групи кои манифестираат насилен екстремизам и верски радикализам со потекло од балканските земји и нивната поврзаност со терористички структури на Блискиот Исток и во земјите- членки на Европската унија.

Како што стои во соопштението од Агенцијата, претставени биле и опасностите од џихадистичките борци што војуваат во Сирија и во Ирак, а потекнуваат од Македонија и од Балканот за вршење терористички активности во регионот и Европа.

Посебно внимание треба да се посвети и на инфилтрирање припадници на терористички структури од кризните региони во рутата за движење на бегалците преку балканскиот коридор.