МЕПСО ќе стипендира студенти на Техничкиот факултет во Битола

05.02.2016 14:57

Со 100 евра месечно МЕПСО ќе ги стипендира студентите од електро- техничкиот отсек при Техничкиот факултет во Битола што запишале трета година и имаат просечен успех над девет.

МЕСПО ја надградува повеќегодишната опшествена практика за инвестирање во високообразовниот процес. На редовните студенти во трета година на електро-енергетската насока на Техничкиот факултет, што имат просек над девет, им доделува месечна стипендија од 6.000 денари. Знаењето ја чува професијата и има поголема вредност кога е дадена шанса- вели студентката Даниела Ефтимовска со просек од 9,75.

„Нашата љубов кон нашата идна професија е проткаена со желбата дека ќе останеме во Македонија и стекнатото знаење ќе го примениме во еминентни компании како што е МЕПСО или други кои имаат потреба од ваков кадар“ вели студенката Даниела Ефтимовска.

Според состојбите и плановите на МЕПСО, стипендискиот бенифит ќе го почуствуваат 23 лица. Од Електро-техничкиот отсек очекуваат ова да делува стимулативно на студентите од насоката која има и највисоки критериуми.

„Во секој случај ќе делува стимулативно да се постигне добар просек во прва и втора година доколку се сака стипендија и повисоко знаење“, вели раководителот на електро-техничкиот отсек проф. д-р Миле Спировски.

Со ваквиот потег МЕПСО се вклучува во инцијативата за што повеќе студенти на техничките науки, кадар кој се повеќе е баран и ценет на пазарот на трудот.  

„Ние како компанија сме убедени дека преку задржувањето на успехот студентите ги стимулираме и да стекнат поголемо знаење што понатаму ќе им обезбеди полесно наоѓање на работно место“, вели шефот на кабинетот на МЕПСО, Иван Коробар.

„Подемот е евидентен, само деновиве пет компании се интересираат за тоа кои наши кадри се најдобри или кои се студентите кои се надарени“, рече деканот проф. д-р Стојанче Нусев.

Кога е во прашање создавњето на ваков кадар, висока посветеност има и кај светските велесили затоа што техничките науки се оснаовата за побрзиот економски развој.

 

Стевче Митревски