Средношколка од Битола заболела од туберкулоза

05.02.2016 15:28

Хоспитализирана е во Клиничката болница во Битола, а лекарите велат дека се работи за наследна семејна болест.

18- годишна битолчанка заболела од туберкулоза. На 29-ти јануари, при редовен преглед на средношколката во одделението за градни болести  во Домот за народно здравје во Битола, и била детектирана болеста.

Хоспитализирана е во Клиничката болница во Битола, а лекарите велат дека се работи за наследна семејна болест.

Се преземаат сите неопходни мерки за заштита на граѓаните, и според лекарите, засега нема опасност од ширење на болеста.