Со нови вештини до сопствен бизнис
Преку мерката „Моќта на дизајнот и занаетот“ – можност со која жените активни баратели на работа од Битола, Куманово, Тетово и Скопје се стекнале со вештини, за да дојдат до работно место.

Снежана Неделковска од Скопје, десет години е невработена. Пред еден месец ја завршила обуката за плетење и везење фустани, модни детали, постелнини, перници. Новостекантите вештини планира да ги реализира во сопствен бизнис.
Преку мерката „Моќта на дизајнот и занаетот“ – можност со која жените активни баратели на работа од Битола, Куманово, Тетово и Скопје се стекнале со вештини, за да дојдат до работно место.
„Ваквите проекти освен што нудат можност да се научи нешто повеќе, тие нудат можност за воспоставување контакт со меѓународни клиенти“, вели Аксел Бергер, советник на твининг прокетот.
Според надлежните, делот кој го опфаќа домашното ракотворење и уметничкото занаетчиство е важен дел за унапредување на локалниот економски развој. Податоците покажуваат дека жените се сопственици на една третина од активните претпријатија и вработуваат над 10 проценти од вкупниот број вработени.
Наташа Јанчиќ
